Кумановскиот градоначалник Димитриевски организираше прием за децата по повод Детската недела
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска организираше свечен прием за децата и претставниците од Здружението за грижи и воспитување на децата, во рамки на одбележувањето на Детската недела која се одржува под мотото „Градиме мостови, чекориме напред“.