Водата од локалниот водовод во делчевското село Град не е исправна за пиење. За таа цел денеска од Јавната здравствена установа Јавно здравје Кочани апелираат до жителите водата да се преврива, а за пиење да се користи исклучиво флаширана вода.
Моника, Силвана, Весна, Мими, Славица... Ова се навидум секојдневни женски имиња, но во нашата приказна се однесуваат на кози, што, секако, е невообичаено, нестандардно и отстапува од клишето.
Повисоки стандарди за безбедност и здравје при работа е цел на проектот што во следните шст месеци ќе се спроведува во општините Делчево, Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Виница.
Во Струмица денеска почна изградбата на регионален стационар за кучиња бездомници.Објектот е лоциран во близина на Пречистителната станица, а неговата изградба чини 10 милиони денари. Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој, дел од општината, а инвеститор е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Подигнување на квалитетот и понудата во охридските ресторани и угостителски објекти е целта на Гастро турата што Општина Охрид ја организира во периодот од 12 до 14 овој месец.
Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола денеска објави дополнителен конкурс, четврт уписен рок за студенти во прва година на прв циклус студии на тој Универзитет.
Напојувањето со електрична енергија на тунелите на патот Демир Капија - Смоквица од страна на Демир Капија денеска и во наредните неколку денови ќе биде во прекин. Напојување ќе има само од страна на Удово.
Водата која се дистрибуира преку системот за водоснабдување во Берово е безбедна за пиење, според сите параметри и во согласност со Правилникот за безбедност на вода за пиење.
Полициските службеници при СВР – Охрид денес и утре во периодот од осум до 12 часот ќе вршат гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид.
Општина Велес реализира повеќе инфраструктурни проекти, меѓу кои се потпорниот ѕид и паркингот на улица „Шефки Сали“, асфалтирање на улицата „Бајрам Хасановиќ“ , изградбата на надвозникот кај Башино Село до гробиштата,...