Професионалнoста и зад шанковите е сегмент на добра туристичка понуда
Пиењето алкохол во умерени количества не се смета за порок, некаде и се прерорачува како здрава навика што го разигрува срцето и духот. Доколку умереното консумирање пијалок е хедонизам, а добрата „капка“ ни претставува ритуал за зачинување посебни мигови во секојдневниот живот, тогаш уживањето во специјално приготвен коктел секако е ништо друго туку живеење на моментот.