Домувањето и неплатените комуналии најголем проблем за ромските семејства од Берово
Невработеноста, инфраструктурата, домувањето и неплатени сметки за вода се најчестите проблеми со кои се соочува ромската популација во Берово. Ова се главните заклучоци од средбата која претставници од програмата Сонце ја имаа со градоначалникот на Општина Берово како и претставници на институциите од општината, Локалната акциска група и работната група формирана од ромската заедница.