Претставници од ЗОК донираа за учениците со интелектуална попреченост во ОУ „Браќа Миладиновци“
Претставници од Здружената Опертивна Команда (ЗОК) предводени од бригадниот генерал, началник на штаб, Орце Јордев, денеска донираа училишен прибор на учениците со интелектуална попреченост во кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“. Донацијата се реализира во пресрет на одбележување на Денот на Здружената оперативна команда 17-ти октомври.