Трчањето и хуманоста го обединија Охрид и ги мотивираа охриѓани, кои во голем број учествуваа на спортскиот настан „Охрид трчат за Сара“, кој се одржа од „Куба Либре“ до центарот на градот.
Утрешниот ракометен натпревар од Супер лигата помеѓу женските ракометни клубови „Стружанка“ од Струга и „Металург“ од Скопје, ќе има хуманитарен карактер.
Општина Ресен денеска почна со исплатата на штети настанати од земјотресот минатата година.
Туристичко информативно биро ќе биде отворено во Велес, во рамки на проектот „Смарт лејк Младост“, што го финансира Светската Банка.
Википедија на македонски јазик, по втор пат, го организира фотографскиот натпревар „Вики ја сака храната“, посветен на храната, традиционалните јадења и специјалитети во Македонија и ширум светот.
Претходно Чучуковски заедно со членови на ДПС „Трансверзалец” ја мапираа, маркираа, чистеа и поставија неколку патокази на целата патека, со што таа еподготвена за планинарскиот марш во недела.
Во Скопје денеска ќе биде одржан состанок на фокус групата како дел од проектот „Помош на рутата – подобрување на правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил во Македонија и Србија“, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Завршната активност на проектот „Градиме мостови, а не ѕидови“ во кој учествуваат основните училишта „Лиман Каба“ од Љуботен и „Аврам Писевски“ од Бардовци ќе се одржи денеска во Општина Бутел.
Испораката на огревно дрво за граѓаните во Македонија преку ЈП „Македонски шуми“ е при крај и за една до две недели ќе се доиспорачаат последните околу 6 000 метри кубни.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот следната година со општините Прилеп, Охрид, Битола и Ресен ќе работи на туристичко означување на чаршиите и старите јадра што се препознатливи туристички вредности.