Стојаноски: Владината поддршка ќе значи финансиска консолидација за Охрид
Општина Охрид со најавената финансиска инекција од централната власт очекува финансиска консолидација и враќање на најголемиот дел од главнината на долгот. Моментално вкупниот долг на општина Охрид изнесува 1,47 милијарди денари или околу 24 милиони евра, од кои околу 15 милиони евра се основен долг, додека останатите се финансиски обврски кон доверители по најразлични основи, како и затезни камати.