Како што нагласуваат од АХВ, од промет беа отстранети 8.700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена.
Преку поттикнување и зголемување на младинскиот активизам и волонтерство, со акцент на зголемување накапацитетите на младите за организирано дејствување во локалните заедници се одржаа обуки во Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион.
По осум децении во петок во долнодримколскиот манастир „Свети Архангел Гавриил" ќе се одржи света литургија со која ќе чиноначалствува епископот Партениј.
На територија на државата има девет активни шумски пожари и пожари на отворено, соопшти денеска преку видео обраќање директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Опаѓање на дневните температури во претстојната работна седмица, со позначителен пад од среда, прогнозира Управата за метеоролошки работи.
Во тетовски Лешок денескa се одблежаа 23 години од загинувањето на бранителот Ѓоко Лазаровски, кој на 30 години загина во одбрана на селото и помагајќи да се евакуираат мештаните.
-Ќе се обидеме да го сопреме на тампонираниот пат кој се протега околу полигонот Криволак од штипската страна. Гори пред се трева, грмушки и жбунести ниски смреки, стои во објавата од ЦУК.
За Општина Градско, Криволак кон Брегалница, пожарот кој доаѓа од Криволак, ќе бидат ангажирани 30 припадници на САЕ Тигар.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на неговиот фејсбук профил објави дека движејќи се по патот низ Серта налетал на екипа на Национални Шуми која од Демир Капија до Серта дошла со теренско возило старо 38 години.
Од туристичка такса во првото тромесечие на тековната година во касата на Општина Охрид се инкасирани над милион денари, односно 1.149.814 денари.