Во ОУ „Лирија“ во Тетово градоначалникот Касами подели унифициран албански буквар за прво одделение
Околу 100 првачиња помалку има во тетовските училишта, оцени градоначалникот на Тетово, Биљал Касами по повод почетокот на новата учебна година. Во основното училиште „Лирија“ во Тетово, тој подели, како што рече, унифициран албански буквар за прво одделение.