-Во изолација заминува и втор лекар од одделението за Неврохирургија, бидејќи имал контакт со заразениот лекар. Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје ја направија епидемиолошката анкета и утре ќе знаеме дали и колку од медицинскиот персонал ќе замине во изолација, вели Ѓеорѓијев.
Прв позитивен случај на коронавирус кај осуденик во штипскиот Затвор е регистриран денеска во здравтвениот билтен на Министерството за здравство.
Еколошката граѓанска иницијатива „Охрид SOS“ тврди дека нелегални градежни активности се спроведуваат на самиот брег на Охридското Езеро, во струшкиот дел од крајбрежјето.
Надминувањето на бројката од 50 заразени и моментно 30 активни случаи,беше повод состојбата со пандемијата предизвикана од корона вирусот во општина Валандово да биде прогласена за алармантна од страна на кризниот штаб
Нема нови случаи на заразени во штипските градинки, информираат директорите на овие установи„Астибо“ и на „Вера Циривири-Трена“. Категорично ги отфрлаат лажните вести и шпекулации дека во нивните градинки има и други заразени меѓу вработените
Охридското Езеро е над дозволениот минимум, додека Преспанското Езеро е под апсолутниот минимум, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи
И утре претпладне се уште ќе има врнежи од дожд, а преку целиот ден ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе услови значително пониски дневни температури, информира УХМР
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
Дел од струшките средношколци и основци од неколку села ја бојкотираат онлајн наставата со барање за физичко присуство. Се додека не бидат исполнети нивните барања за физичко присуство на часовите, најавуваат дека нема да следат настава
Од утрово жителите од централното подрачје на Македонска Каменица се без вода за пиење. Причината како што е информираат надлежните од Јавното претрпијатие „Камена Река“ е дефект на главната водоводна линија