Македонија и Албанија со спогодба ќе го заштитат рибниот фонд во Охридското и Преспанското Езеро
Отстранување на пречките и подобра институционална соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија е целта на спогодбата за заедничко одржливо управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро, што денеска во Струга ја потпишаа министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и Бледар Чучи