Фестивал на младо вино „Тиквешија 2020” во Кавадарци
Фестивал на младо вино по четврти пат се одржа денеска во Кавадарци, на отворено во дворот на Винскиот музеј. Организатор беше Здружението за негување и развој на винската култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек”, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.