Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира ЈП „Македонија пат“
Почна реконструкцијата на тоалетите во кумановската гимназија „Сами Фрашери”, информираа денеска надлежните од училиштето
Во полициската станица во Тетово вчера се пријавени два случаи на каснувања од бездомни кучиња, на булеварот „Благоја Тоска“
Двете основни училишта од Крива Паланка денеска добија донација, таблети за учениците кои досега не можеа да ја следат онлајн наставата
Од осум часот изутринава е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, што беше воведена синоќа поради интензивни врнежи од снег
Највисока снежна покривка од 40 сантиметри утрово има на Попова Шапка, во Лазарополе 23 и во Маврово 13 сантиметри, информира УХМР
Времето во земјава денеска ќе биде облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе преминат во снег, но ќе ослабат. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 5 степени.
Од 1 февруари.2021 година целосно ќе се затвори сообраќајот на регионалниот пат P1103, делница Лакавица-Неготино, со времетраење од пет месеци.
Традиционално со крводарителска акција, уметнички цртежи и песни од Тоше се прославува четириесеттиот роденден на македонската ѕвезда. Настанот се одржува во Домот на АРМ, меѓутоа со поразлични услови поради Ковид состојбата.