Фронт21/42: Во Охрид има над 15.000 а во Струга над 10.000 барања за легализација на дивоградби, рушењето на платформите е „замајување на јавноста“
Во јуни 2021 година сѐ уште нема Инвентар, иако уште со стариот закон за легализација од 2011 година, сите општини (вклучувајќи ги и општините во Охрид, Струга и Дебрца) имаат законска обврска да водат регистар на поднесени барања за легализација, што е своевиден инвентар на дивоградби.