Како што најавија организаторите, на програмата се композиции од неколку фази од опусот на славниот Вивалди, меѓу кои концертите RV 299, 580 и 531, како и вокално иструменталниот мегахит Глорија (RV 589).
Во издание на „Бата прес“, објавен е романот за деца и млади „Момчето од ложата“ од грчката авторка Ангелики Дарласи. Делото од грчки на македонски јазик го преведе Емилија Мајсторова-Стојановска.
Со повеќе настани денеска во демирхисарското село Слоештица, ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор Петре М. Андреевски.
Националниот џез оркестар продолжува со своите концертни настапи надвор од земјава, овој пат најавувајќи три концерти во Хрватска на кои ќе настапи заедно со Рамбо Амадеус.
„Демони“ на Пројковски беше поставена на крајот на април во Националниот театар во Дебрецен, Унгарија. Покрај режијата на Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, драматизацијата на Сашо Димоски а музиката на Горан Трајкоски.
Кинотека го објави конкурсот „После дождот“ во чест на јубилејот, 30 години од македонскиот и светски класик, филмот „Пред дождот“, наменет за сите млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници.
Изложбата „Чемерски: Низ цртеж, отпосле" на реномираниот македонски уметник и академик Глигор Чемерски ќе биде отворена вечерва во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.
Македонската пијанистка Дуња Иванова денеска ќе одржи солистички концерт во концертната сала „FEURICH Performing Stage“ во Виена.
Доаѓам од штиците што живот значат. Доаѓам од сцената каде скоро 2 децении го давам својот максимум знам како размислуваат уметниците, знам што и е потребно на културата.
Одлуката за наградата во конкуренција од 25 книги ја донесе жирито во состав: Светлана Петрова Џамбазова (претседателката) и Маја Апостоловска и Јасминка Делова Сељанова (членки).