Програма за развој на театарската критика во Македонија
Театарската претстава е уметност на моментот. Таа секојдневно се раѓа, изживува свој живот и умира, за повторно да се роди при следната изведба, и така во континуитет. Составен дел на театарскиот чин е гледачот кој е и консумент и градбен дел на претставата.