МАНУ за акад. Ѓурчинов: Борец за слобода на уметноста и суптилен литературен критичар
Несекојдневна и исклучителна личност, меѓу оние кои ја прифатија нужноста на промените што ги бара историјата и кои ги поставија темелите на македонската култура, отворајќи ги нејзините хоризонти кон Европа и светот, беше речено денеска во Македонската академија на науките и уметностите, на комеморацијата за академик Милан Ѓурчинов (1928-2018).