„Hip Hop Made in Macedonia“ во Њујорк
Целта на проектот, чија идеа се роди од тв емисијата „Хип-хоп магазин“ што се прикажуваше на МРТВ пред неколку години, е да ја презентира хип-хоп културата во Македонија. Со проектот првпат во македонската музичка историја, македонскиот хип-хоп ќе може да се слушне во Њујорк, градот од каде потекнува оваа урбана култура.