Јубилејно 10.издание на меморијалниот „Бош фест“ во Гевгелија
Три дена исполнети со концерти, инсталации, работилници, изложби, перформанси и филмови ќе бидат белег на јубилејниот десетти меморијален мултимедијален арт фестивал „Бош Фест“, кој од денеска до недела се одржува во Гевгелија во чест и почит кон прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски.