Најсилно и најмоќно издание на Струмица опен фестивал досега, оценија организаторите
Позади нас се настаните од оф програмата, со кои од 4 јули до 4 август го направивме најсилното и најмоќно издание на „Струмица опен фестивал 2018“, оцени денеска на прес-конференција Томи Печков од здружението „Културно забавен живот“ кое беше организатор на манифестацијата.