Сребрен медал освои иновацијата ELIF and MELIF на Интернационалната изложба на иновации
Иновацијата ELIF and MELIF, семaфор за невреме на кумановецот Борис Секирарски освои сребрен медал на Интернационалната изложба за иновации ARCA и Меѓународниот саем за земјоделски иновации AGRO ARCA, која се одржа од 18-ти до 20 октомври во Загреб, Република Хрватска.