На малата сцена во Македонска опера и балет вечер ќе биде изведена претставата „Марија Калас – Час“ – Теренс Мекнели во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2018.
Фолклорната група „Копачка“ од село Драмче, Делчево на 9 и 10 ноември ќе ја претставува Република Македонија на 18. „Етно Глас” фестивал во Панчево, Република Србија.
На сцената на Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, синоќа продефилираа околу сто и педесет млади играорци, учесници на детскиот фолклорен концерт.
Од понеделник со изведба на првата претстава ќе започне второто издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело” во Гостивар.
Во Македонска филхармонија вечерва ќе се одржи хуманитарен концерт насловен „Есенска бајка“. На концертот ќе настапат Мимоза Ќека и Јована Трајчева кои ќе изведат дела од Рахмањинов, Чајковски и Равел.
Во рамки на програмските активности на библиотеката од Гевгелија насочени кон популаризација на книгата, во Месецот на книгата, денеска пред гевгелиската читателска публика со свои творби се претставија 14 автори, членови на Друштвото на писателите на Македонија.
Новиот состав на Советот за култура на министерот за култура Асаф Адеми вчера одржал прва средба, соопшти ресорното Министерство.
За да се афирмира и врати неговото некогашно значење како основен градежен материјал при реставрацијата на објекти и споменици од културата, Националниот комитет на ИКОМОС денеска органиизраше стручен форум за претставници од установи, факултети и компании.
„Писателот од Порече“ е насловена монографијата на авторите Наум Попески и Саво Костадиновски која деновиве е објавена во издание на Акдемски печат од Скопје.
Седиштето на Гостиварскиот театар, новата национална установа за чие основање Владата донесе одлука на седница во вторникот, ќе биде во Центарот за култура во Гостивар.