Премиера на политичката сатира „Еј!“, од 22 ноември на кинорепертоар
Играниот филм „Еј!“ кој пред десет години е снимен без денар од тогашниот Филмски фонд, ентузијастички и речиси илегално од 17 актери предводени од режисерот Васил Христов, здружени во неформалниот „Еј Колектив“, вечер ќе биде прикажан премиерно во кино „Милениум“. Жанровски е политичка сатира што било и причина да заглави во фазата на постпродукција за која режисерот своевремено не можел да добие поддршка.