Претставата „Крал Иби“ на Алфред Жари во режија на Васил Христов утревечер, премиерно ќе биде изведена на сцената на Драмски тетар во Скопје.
Македонскиот институт за медиуми (MИM), по 18-ти пат го објавува конкурсот за престижната новинарска награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија на годината, информираат од МИМ.
Најпознатите и најчитаните современи кинески писатели за деца и за млади се застапени во антологиски избор од десет кинески книги, која деновиве излезе од печат како прв дел од едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“.
Академик Катица Ќулавкова е добитник на првата награда на меѓународниот конкурс „Антево слово“ 2018/2019 во Сицилија, Италија, за песна по слободен избор.
Делегација на Здружението и Организацискиот одбор на Меѓународниот фестивал „Пролетни веселби“, што во валандовското село Чалакли во мај се одржува по повод празникот Х’дерлез, минатата недела била во работна посета на Анкара.
Македонската филхармонија в четврток со симфонискиот концерт „Слободен и среќен“ ќе го почне вториот дел од концертната сезона 2018/2019. Од 20 часот првпат на македонската музичка сцена како солист ќе настапи француската трубачка Лусјен Ренодин-Вари и ќе го изведе атрактивниот Концерт за труба и оркестар во Ас-дур од ерменскиот композитор Александар Арутунијан.
Заменик-министерот за култура Владимир Лазовски од 18 до 21 јануари присуствува на церемонијата на отворање на Европскиот град на културата за 2019 година во Матера – град во јужна Италија. Целогодишната програма ќе се одвива под мотото „Отвори иднина“.
Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци синоќа беше отворена изложба со слики од ликовниот уметник Владимир Темков. Изложбата се совпадна со одбележувањето на 40 години од неговото творештво и шест децении живот на уметникот. Изложени се 60 слики.
Гудачкиот квартет „Вива стрингс“ синоќа во киносалата во Делчево одржа едночасовен концерт и изведе хитови на АББА, Мајкл Џексон, Стинг, Ерик Клептон, Колдплеј…
Во галеријата „Акантус“ денеска ќе биде поставена изложбата „Емоции за еден град“ на дизајнерот Горан Костовски.