Споменик на Горан Стефановски во Дебар Маало, одлучија советниците на Центар
Советот на Општина Центар денеска на 23-тата седница ја прифати иницијативата на МАНУ за поставување спомен-обележје на Горан Стефановски. Споменикот на познатиот драмски автор и член на МАНУ, кој почина на 27 ноември минатата година, ќе биде поставен на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот „Идадија“.