Гостување на МОБ во Велес и Битола со балетската претстава „Либертанго“
Македонската опера и балет на 12 февруари годинава, во 20 часот, ќе гостува во Народниот театар „Јордан Х.К- Џинот“ во Велес, а на 14 февруари, во 19.30 часот, ќе гостува во Центарот за култура во Битола (голема сала), со балетската претстава „Либертанго“ со музика од Астор Пјацола.