Министерот Адеми се сретна со раководители на секторот Креативна Европа МЕДИА
На средбата, соопшти денеска Министерството за култура, на која присуствувал и директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, Адеми го потенцирал значењето на програмата Креативна Европа МЕДИА за Македонија што резултираше со конкретни успешни проекти, како и големата поддршка во соработката меѓу аудиовизуелниот сектор во Европа не само на регионално, туку и на европско ниво.