Филмска ретроспектива на Карпо Година на фестивалот во Бергамо
На 37. Филмски фестивал во Бергамо „Bergamo Film Meeting“ од 9 до 17 март ќе биде организирана ретроспектива на комплетното творештво на режисерот, кинематографер, сценарист и монтажер Карпо Година, роден во Скопје во 1943 година. Фестивалот во Бергамо ќе го чествува Година како една од најрепрезентативните фигури на т.н. црн бран во југословенската и словенечката кинематографија.