Над 100-те улоги во 40 годишниот работен стаж Прекиќ Лозана – Мишка ги толкувала на сите јазици што се зборувале во државата (македонски, турски, албански, босански, српски и ромски јазик).
Од понеделник, 1 април, Музејот на современа уметност-МСУ ќе почне редовна филмска и видеопрограма, со серија филмски проекции, разговори и предавања со наслов „Што е филм?“
Европската мрежа за современа драма – Еуродрам ги соопшти резултатите од изборот на најдобри преводи на драмски дела на европско ниво за 2019 година. Меѓу нив се и три преводи на македонски јазик. Преводите на Оливера Павловиќ и Дарко Јан Спасов се наградени меѓу 365 пријавени од цела Европа
Долгометражниот игран филм „Незаборавна пролет во заборавено село“, по сценарио и режија на Куштрим Бектеши, вечер во 19:30 часот ќе биде премиерно прикажан во киното „Синеплекс“- Скопје
Концерт на пијанистката Дуња Иванова и изложба на фотографот Дарко Попов ќе се одржи вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба
Одборот за државната награда „Мајка Тереза” распиша конкурс за доделување на наградата во 2019 година. Конкурсот ќе биде отворен од 1 до 30 април годинава.
Дела на македонски уметници ќе бидат презентирани во рамки на Вечер на современа македонска уметност која ќе се одржи во Белград на 7 април.
Македонскиот писател Христо Петрески е добитник на меѓународната книжевна награда „Доситеј Обрадовиќ“ на Здружението на писателите на Србија. Оваа награда се доделува за сатира во литературата, а Петрески ја доби за својата поетска книга „Погрешен човек“.
Археолошките истражувања на 79 гробови и пронајдените предмети, од кои некои уникатни во подрачјето на Долно Повардарие, несомнено укажуваат дека некрополата Милци кај Гевгелија има големо значење во проучувањето на религијата на пајонските заедници.
Вечерва со почеток во 19 часот и 30 минути во Јавна соба, Скопје, ќе се одржи Меѓународниот фестивал на поезија и уметност „Крикот на жената“ – WomanScream(Grito де Mujer), ширум светот познат како интернационално движење на жени-поети.