„Трубадур“ од Верди ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери, првпат изведба на Вагнеровата „Валкира“ со која ќе гостува Софиската опера
Со премиера на операта во четири чина „Трубадур“ на Џузепе Верди, на 9 мај во Националната опера и балет ќе биде отворен 52-от фестивал „Мајски оперски вечери“ кој до крајот на месецот ќе понуди програма во која покрај оперски дела ќе има и една балетска претстава.