Комората на сметководители и денес побара пролонгирање на рокот за годишни сметки
Од почетокот на пандемијата вкупно 49,2 отсто од сметководителите имале КОВИД, а над 54 проценти од нив биле болни во најкритичниот период, од декември до март, покажува онлајн анкетата што ја спроведе Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори.