Раст на кредитите од 5,6% на годишно ниво, поизразен е кај домаќинствата
Депозитите во мај имаат месечен раст од 1,2 отсто, додека кај кредитите растот е 0,8 отсто. Податоците на Народната банка на годишно ниво покажуваат дека депозитите забележале раст од 7,1 отсто, а кредитите од 5,6 отсто.