Зимер – Ангеловска-Бежоска: Успешното работење на Народната банка е клучно за македонската економија
Успешното работење на Народната банка е клучно за македонската економија. Ова се докажа и низ годините, а особено од почнувањето на корона-кризата наваму, кога се потврди дека капацитетот којшто Народната банка го имаше изградено ѝ овозможи навремено и ефикасно дејствување во рамките на својот мандат, за да ја поддржи економијата во справувањето со ефектите од кризата