Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења лани согласно проекциите на Народната банка
Во Извештајот се наведува дека глобалната економија и натаму закрепнува, при пониска инфлација и поповолни финансиски услови, но сѐ уште има понагласена геополитичка неизвесност, заради војните и конфликтите, како и евентуалните трговски санкции, соопшти Народната банка.