Ристески: Пазарниот инспекторат констатираше неправилности, најнедисциплинираните маркети може да бидат затворени
Тимовите на Пазарниот инспекторат констатираа повеќе неправилности при контролите во маркетите кај трговците на мало, а може да има и казни со затворање маркети, изјави денеска во Прилеп заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.