Причината за поволните платно билансни движења, како што кажа, во најголема мера се должи на значајното подобрување на трговскиот дефицит кој, по големото продлабочување во периодот на кризата, годинава бележи значајно подобрување.
Годинава ќе ја завршиме со раст од 1,9 отсто и инфлација од 9,5 отсто, истакна гувернерката на Народната банка (НБ) Анита Ангеловска Бежоска при денешната презентација на Кварталниот извештај со есенските макроекономски проекции на централната банка.
Најголем износ, од 257,3 милиони денари, се уплатени од една скопска компанија со дејност леење челик, која за 2022 година имала вкупен приход 11,3 милијарди денари.
Македонската и корејската царина потпишаа нови меморандуми за соработка во седиштето на Царинската служба на Република Кореја во Сеул.
Од полноќ поевтинува мазутот, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
На аукција 907 граѓани запишале граѓански обврзници, а во наредните денови ќе бидат впишани во Централниот депозитар за хартии од вредност.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46 198 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Девизните резерви на крајот на октомври годинава изнесувале 3.920,6 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 18,9 милиони евра, соопшти Народна банка.
Според Димитров, треба да се олесни постапката за увоз на странски работници во земјава по примерот на Србија и другите земји на Балканот.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека новиот пакет антикризни мерки може да се очекува кон средината или кон крајот на идната недела.