Евтиниот мед во маркетите содржи гликоза, предупредуваат пчеларите
Медот што се продава по маркетите за 240 денари содржи чиста гликоза и е штетен по здравјето, предупредуваат пчеларите. Воедно апелираат, граѓаните да купуваат природен мед од познати, домашни, сертифицирани производители, а не пакуван, од пазари, патишта и продавници.