Тевдовски напомена дека првпат проекцијата на државната каса се презентира и дискутира отворено пред да биде усвоена што, најави, ќе стане пракса.
Помал број документи и побрзо завршување на царинските постапки, најавува директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски во интервју за МИА.
По најавата за зголемување на акцизата за дизелот неопходна е детална анализа за влијанието, но неизбежно ќе има промени во транспортот, оценија денеска од Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај - АМЕРИТ.
Бизнисот ќе почне да игра поголема улога во решавањето на социјални проблеми, а реалните проблеми во општеството се најголеми бизнис можности, рече Гиб Булок од Шкотска, основач на „Аccenture Development Partnership“.
Од министерот за финансии УПОЗ бара итно да се сретне со синдикатите од јавниот сектор за, како што наведува, да се најде општоприфатливо решение за сите вработени во јавниот сектор.
Владата ќе го укине Советот за јавни набавки преку предлог по скратена постапка кој треба да се достави денеска. Се очекува Советот да престане да функционира од декември годинава.
„Развијте го Вашиот бизнис: Проширете го Вашиот бизнис надвор од границите на земјата” е темата на вториот семинар „Жени во бизнис“, кој се одржа денеска во организација на НЛБ Тутунска банка, а во соработка со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР).
Најавеното зголемување на акцизата кај нафтата од три денари од јануари 2018 година според гувернерот на НБРМ Димитар Богов, нема да има позначително влијание на инфлацијата која според НБРМ ќе изнесува два отсто.
Според последните проекции што денеска ги објави НБРМ за следната година останува раст на економијата од 3,2 и 3,5 за 2019 година.
Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека е планирано постепена фискална консолидација која се гледа и од тоа што планираниот дефицит за следната година е понизок за 0,2 отсто од оној во 2017 година кој е предвиден на 2,9 проценти.