Комората денеска ќе поднесе иницијатива до Владата за реализирање на ова барање, но притоа, како што беше речено на прес-конференција, треба да се земат предвид неколку критериуми.
Ова се дел од целите постигнати со проектот „Поттикнување на социјалното претприемништво“ финансиран од Европската унија, чии што резултати ќе бидат промовирани денеска на завршна конференција во Скопје.
Биткоин и практични примери за негова имплементација во банкомат е темата на предавањето што денеска ќе се одржи на Универизитетот Американ колеџ Скопје.
Во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија АБИТ од Скопје денеска ќе се одржи првата Меѓународна конференција за спречување на перење пари (АМЛ) и финансирање на тероризам (ЦФТ).
За штрајкот вработените ја имаат поддршката на гранковиот синдикат при Сојузот на синдикатите на Македонија.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев како член на висока Владина делегација учествува на „Виенскиот економски форум: Дијалог за иднината“, кадешто се обрати на панелот „Живееме во дигитално време: Визии и реакции на инвеститорите“.
Министерството за финансии смета дека воведувањето на акцизата кај нафтата од три денари од 1 јануари наредната година е економски оправдано и предложеното решение не треба да се повлече.
Финансиската едукација на населението, особено на најмладите треба да се поттикнува, бидејќи тоа е важно за стабилноста на финансискиот систем и просперитет на економијата.
Компанијата Централ Азија металс (Central Asia Metals PLC), со седиште во Лондон, Велика Британија, и официјално стана сопственик на рудникот Саса од Македонска Каменица.
Владата секои три месеци да ја анализира реализацијата на капиталните инвестиции, бара Стопанската комора на Македонија.