Владата ја усвои интервентната мерка за доматите
- Субвенцијата ја зголемивме поради нарушениот баланс меѓу понудата и побарувачката, како и ниската откупна цена. Очекуваме во определениот период да бидат откупени околу 500 тони домати, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски на прес-конференција во Владата.