Подготвителната седница за цената на електричната енергија е закажана за утре, по што е најавена прес-конференција на која претставници на РКЕ ќе објават колкаво ќе биде намалувањето.
Индустриското призводство во првите пет месеци од годинава во однос на истиот период лани е поголемо за 3,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Нов договор за доделување финансиска поддршка од државата за воведување нови дестинации од македонските аеродроми треба да биде потпишан во август годинава со авиокомпанија што ќе биде избрана на повикот.
Вкупно 6.676.000 денари се непокриените расходи на сите 11 политички партии кои учествувале во кампањата за предвремените парламентарни избори во 2016 година, покажала ревизијата. Најголем дел од расходите, 75,32 отсто се за платено политичко рекламирање.
Ќе има минимално намалување на цената на струјата, најавуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
Детали за најавениот повик за финансиска поддршка на нискобуџетни авиокомпании, со критериумите за распределба, ќе претстави денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Пензионерите денеска се обединија во синдикат, чија цел е да стане репрезентативен социјален партнер којшто ќе се залага за подобар социјален статус на оваа категорија на граѓани и ќе биде вклучен во реформите на пензискиот систем.
На територијата на Македонија минатата година се регистрирани 762 бесправно изградени објекти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија го поздравува видливото подобрување во управувањето со јавните финансии и фискалната транспарентност, соопшти Министерството за финансии.
Во ФЕНИ Индустри во тек е вработување на повеќе од 30 лица. Се бараат инженери, електричари, механичари, ракувачи на градежни машини, оператори, техничари и други струки.