Елези: Ги следиме меѓународните стандарди за спречување даночно затајување
Република Македонија ги следи меѓународните стандарди и трендови за спречување даночно затајување и избегнување плаќање данок, истакна заменик министерката за финансии Ширет Елези на конференцијата насловена „Подобрување на меѓународната соработка: Борба против даночната евазија“, која се одржува во Тбилиси, Грузија.