Директна авионска линија, бараат тур-операторите од Македонија и Романија
Македонија и Романија да се поврзат со директен, чартер лет на релација Скопје - Букурешт или Крајова - Охрид, бараат тур-операторите од двете земји. Сметаат дека тоа е клучниот чекор за зголемување на бројот туристи, од сегашните 1.500, на околу 30.000 - 40.000.