Запленети цигари, хемиски препарати, девизи...
Во текот на минатите две седмици, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани анастезии, стерилни ракавици, очила со диоптер, врвки за очила, чај за слабеење, цигари, средства за потенција, облека, рибарски мрежи, технички производи, препарати за заштита на растенија, гасен пиштол, муниција за гасен пиштол, девизи и фалсификати.