Цените на горивата од полноќ се намалуваат од 1,5 до 3,5 денари
Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат од 3,5 денари до 1,5 денари. Најмногу се намалува Еуросупер БС-98, односно за 3,5 денари, а најмалку дизелот и Екстра лесното масло за домаќинства за 1,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 се намалува за 3 денари.