Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август е остварен месечен и годишен пад од 0,08 п.п. и 0,49 п.п., соодветно и изнесува 5,04%.
Анализите на Центарот покажуваат и дека 51 процент од фирмите што учествуваат во јавните набавки сметаат во набавките има корупција, а со неа лично се соочиле 23 отсто од компаниите вклучени во истражувањето.
Инвестирањето во акции е најдобра можност за принос на долг период, велат експерти од оваа област. Советуваат, покрај во недвижен имот и банкарски депозити, да се вложува и во акции бидејќи вложувањето во акции на долг рок е поисплатливо.
Денеска започна примената на Законот за нефер трговски практики, донесен во март годинава по европска директива, а за првпат се спроведува во Македонија, и воопшто, во земја од Југоисточна Европа.
Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.
Според Аркан Керим од Сојузот на стопански комори на Македонија, Турција е одлична можност и голем потенцијал за пласман на македонските производи.
Преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје е неуспешно. Комисијата за хартии од вредност денска донесе решение со кое утврдува дека понудата на Комерцијална банка се преземање на акции од Стопанска банка е неуспешна.
Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата.
Противцикличниот заштитен слој на капиталот е макропрудентна мерка, со која се делува превентивно и се зајакнува капиталната сила на домашните банки, а со тоа и отпорноста на банкарскиот сектор.
За два дена не би можел да кажам дали има резултати и дали сум задоволен, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање какви се резултатите од „есенската потрошувачка кошница“ со обврска за намалување на цените на одредени производи.