НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
Народната банка соопшти дека на 30.6.2024 година, нето надворешниот долг изнесувал 4 481 милион евра или 30,8 отсто од проектираниот БДП. Нето надворешниот долг во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра или за 2,5 проценти.