Во мај месец издадени дозволи за градба на 432 стана, најмногу во Скопје
Во мај годинава се издадени 161 одобрение за градење, за 27,5 проценти помалку во однос на мај лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 1.559.061.000 денари, или за 60,9 проценти помалку во однос на мај минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.