Судскиот процес за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески, денеска е одложен поради неприсуство на обвинетата Јасмина Никиќ Десановска, соопштија од скопскиот Кривичен суд.
Декларација против физичко и вербално насилството врз докторите на медицина, стоматолозите, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и други здравствени работници.
Спогодбата денеска ја потпишаа генералниот директор на Националното биро за осигурување на Република Македонија Трајче Латиновски и директорката на Националното биро за осигурување на Република Словенија Маја Крумбергер.
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, го одби како неосновано барањето за укинување на мерките за претпазиливост на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е обвинет од СЈО во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.
Премиерот Зоран Заев во свое и во име на Владата им го честиташе денеска Меѓународниот ден на Бошњаците на сите припадници на бошњачката заедница во Македонија.
Советот на јавни обвинители на денешната седница треба да го разгледа четвртиот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. На седницата поканета е обвинителката Катица Јанева.
Извештајот е во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“.
На денешното последно судско рочиште обвинетите и нивните адвокати ги изнесуваа завршните зборови.
Рочиштето од судскиот процес за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, во кој првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повторно се одложи бидејќи во судницата не беа присутни обвинетите Димче Крстев и Милан Андоновски.
Продолженија на судските рочишта за случаите „Дива Населба“ и за „Насилството во општина Центар“, како и почеток на судскиот процес за „Транспортер“ се закажани за денеска во скопскиот Кривичен суд.