Богослужби и свечена академија во Охрид по повод 50-годишнината од автокефалноста на МПЦ
По повод празникот „Св.Маченички Вера, Надеж и Љубов“ утре изутрината во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид од девет часот ќе се служи света архиерејска литургија, како и вечерна богослужба од 17 часот во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник.